Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СOВEТУВAЊE нa тeмa: ,,Побивање на правни дејствија од аспект на Законот за облигационите односи и Законот за стечај”  | 01/02/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: ,,Побивање на правни дејствија од аспект на Законот за облигационите односи и Законот за стечај’’, што ќе се одржи на 2 февруари 2018 година (петок), во просториите на Академијата-ламела 3, со почеток во 10 часот.

 

Советувањето е наменето за судиите и советниците/судските соработници од граѓанските оддели, вклучително оддел за трговски спорови и стечај, од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето свое излагање ќе имаат: г-ѓа Лидија Димчевска, судија на Апелациониот суд Скопје и г. Александар Шопов, судија и претседател на Основен суд Велес.


АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИОТ МАТЕРИЈАЛ што ќе биде користен на советувањето можете да го преземете  тука:

1. Презентација1