Календар на Активности
СOВЕТУВAЊЕ на тема: „СПOДЕЛУВАЊЕ НА ПРAКТИЧНИ ИСКУСТВА НА ЕСЧП VIS A VIS ПРАКТИЧНИТЕ ИСКУСТВА НА ОДДЕЛИТЕ ЗА СУДСКА ПРАКСА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“  | 16/06/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи, организира советување на тема „Споделување на практични искуства на ЕСЧП vis a vis практичните искуства на одделите за судска пракса во Република Македонија“, кое ќе се одржи од 16-18 јуни, 2017 година (петок-недела) во хотел Гарденија, Велес.

 

Советувањето е наменето за лица одговорни за судската пракса, како и за раководителите на кривичните и граѓанските оддели од Врховниот суд на Република Македонија, четирите апелациони судови и на Основниот суд Скопје I и Основниот суд Скопје II Скопје, како судови со најголем обем на предмети. Исто така советувањето е наменето и за судските соработници од овие судови кои работат на предметната материја

 

На семинарот свое излагање ќе имаат д-р Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, и г. Велимир Деловски од Министерството за правда.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
 

  • Значењето на судската пракса во работата на Европскиот суд за човековите права, судската пракса како гарант на правната сигурност и вовед во методологијата на Европскиот суд за човекови права за користењето на судска пракса
  • Методологијата на Европскиот суд за човекови права за користењето на судска пракса
  • Судската пракса како гарант на правната сигурност низ призмата на Уставниот суд на Република Македонија
  • Интерактивно споделување на методологијата на работа на одделите за судска пракса од страна на раководителите и стручните соработници во одделите
  • Интерактивно споделување на методологијата на работа на одделите за судска пракса од страна на раководителите и стручните соработници во одделите
  • Споделување на применливи практични искуства од судската пракса на Европскиот суд за човекови права во секојдневното креирање и користење на домашната судска пракса
  • Дискусија со предлози и сугестии за ефективно и ефикасно креирање на судската пракса
 
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.