Календар на Активности
СOВЕТУВАЊЕ нa тeмa: „СКРAТEНA ПОСТАПКА, ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ПРЕСУДА ЗА ИЗДАВАЊЕ КАЗНЕН НАЛОГ И ПРИТВОР ВО СКРАТЕНА ПОСТАПКА“  | 13/06/017

Новости за академијата

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Скратена постапка, постапка за донесување пресуда за издавање казнен налог и притвор во скратена постапка“, што ќе се одржи на 14 јуни 2017 година во просториите на Академијата-ламела 3, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судиите јавните обвинители и стручните соработници од сите апелациони подрачја.

 

Излагања поврзани со темата ќе има д-р Даница Монева, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

 

  • Скратена постапка
  • Предлог спогодба помеѓу јавниот обвинител и осомничениот
  • Казнен налог

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе бидат користени во текот на советувањето можете да ги презмете на следниот линк:

Презентација1

Презентација2

Презентација3