Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СOВЕТУВАЊЕ на темa „Ништовнoст нa договори според Законот за облигациони односи и според други посебни закони“  | 13/10/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Ништовност на договори според Законот за облигациони односи и според други посебни закони, кое ќе се одржи на 17 октомври 2017 година (вторник), во просториите на Основниот суд Гостивар, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии и советници од трговски и граѓански оддели од апелационо подрачје Гостивар.

 

На советувањето излагања ќе имаат проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и судија Анита Бошковска од Апелациониот суд Скопје.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Ништовност на договорите и проблеми во практиката 
  • Анализа на законски прописи, општи услови на договори, договори, судска практика поврзана со ништовност на договорите 
  • Судска пракса во врска со ништовност на договорите 
 
ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:
1. Презентација1                                        5. Презентација5
2. Презентација2                                        6. Презентација6
3. Презентација3                                        7. Презентација7
4. Презентација4                                        8. Презентација8