Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СПEЦИЈAЛИЗИРAНA ОБУКА ЗА СУДИИТЕ ПОРОТНИЦИ  | 13/10/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 3 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008 и 150/2010) организира специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Скопје и Штип, која ќе се одржи на 16 и 17 октомври 2017 година (понеделник и вторник) во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе полагаат тест. 

 

На обуката свои излагања ќе имаат:

 г-а Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје;

г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2;

д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд  на Република Македонија (во пензија); г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје и

г-a Сузана Таскова Аџикотарева, Член на Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК). 


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“ 
  • Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa  
  • Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите 
  • Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“ 
  • Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка
 
АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука.