Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНA ОБУКA ЗA СУДИИТE ПОРОТНИЦИ  | 11/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 3 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008 и 150/2010) организира специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Штип, која ќе се одржи на 29 септември и 2 октомври 2017 година (петок и понеделник) во просториите на Апелационен суд Штип, со почеток во 10:00 часот.  

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе полагаат тест. 

 

На обуката свои излагања ќе имаат:

г-а Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје;

г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2;

д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд  на Република Македонија (во пензија); г-дин Тодор Витларов, Јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип;

г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје и

г-a Сузана Таскова Аџикотарева, Член на Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК).

 


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“ 
  • Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa  
  • Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите
  • Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
  • Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:

1. Презентација1                                      8. Презентација8

2. Презентација2                                      9. Презентација9 

3. Презентација3                                    10. Презентација10 

4. Презентација4                                    11. Презентација11

5. Презентација5                                    12. Презентација12

6. Презентација6                                    13. Презентација13.

7. Презентација7