Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
РAБОТНА СРЕДБА на претставници на Апелационите судови и Врховниот суд на РМ за хармонизирање на судската практика  | 05/12/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Центарот за правни истражувања и анализи, со поддршка на Британската амбасада во Скопје, организираат работна средба на претставници на Апелационите судови и Врховниот суд на Република Македонија за хармонизирање на судската практика.

 

Работна средба ќе се одржи од 5-ти до 7-ми декември 2018 година во хотел „Сириус“-Струмица.

 

На работната средба е предвидено учество на претседателите на Врховниот суд на Република Македонија, Апелациониот суд Битола, Апелациониот суд Гостивар, Апелациониот суд Скопје, Апелациониот суд Штип, Здружението на судии на Република Македонија и Судскиот совет на Република Македонија како и на судии од кривичниот оддел, граѓанскиот оддел и одделот за судска пракса во секој од наведените судови.

 

На работната средба е предвидено да се разгледаат спорни прашања од граѓанската и од кривичната област, со цел усогласување на ставовите во насока на хармонизирање на судската практика.

 

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива работната средба можете да ја преземете тука.