Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Правото на штрајк и правна рамка за остварување соодветна заштита“  | 11/06/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Правото на штрајк и правна рамка за остварување соодветна заштита, кое ќе се одржи на 12 јуни 2018 година (вторник), во просториите на Академијата, ламела 3, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од Управен суд и од граѓански оддели од сите апелациони подрачја и адвокати.

 

На советувањето излагања ќе имаат проф. д-р Зоран Михајлоски, вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и г. Тодор Поп Панев, претседател на Основен суд Свети Николе.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Законска дефиниција на штрајкот како можна причина за спор меѓу работниците и работодавачот
  • Организирање и водење на штрајкот
  • Штрајк на солидарност
  • Отстранување  од  процесот на работа
  • Работи кои не смеат да се прекинат за време на штрајк
  • Последици од организирањето и учеството во  штрајк
  • Судска забрана на незаконски штрајк и надомест на штета
  • Правото на штрајк во меѓународното право
  • Правото на штрајк во посебните закони во РМ
  • Разгледување судска пракса 

 


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1

Презентација2