Календар на Активности
Работилница на тема: „Истражување и гонење на подготвителни дела за тероризам, терористички напади и финансирање на тероризам“  | 13/06/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” во соработка и со финансиска поддршка на Канцеларијата за развој, помош и обука на јавни обвинителства на Министерство за правда на САД (ОПДАТ) при Амбасадата на САД во Скопје, организира работилница на тема: ,,Истражување и гонење на подготвителни дела за тероризам, терористички напади и финансирање на тероризам’’ , која ќе се одржи во период од 13-15 јуни 2017 година во хотел Солун, Скопје со почеток во 9:30 часот.

 

Целна група учесници за оваа работилница се практичари кои работат на случаи на тероризам од областа на судството, обвинителството, Управата за безбедност и контраразузнавање, Министерство за внатрешни работи и Управата за финансиско разузнавање.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат Владимир Милошески, Наум Паноски, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Зоран Мацкиновски, Началник на Сектор за борба против тероризмот од УБК/МВР, Бобан Стојаноски, Истражител за тероризам при МВР,  Мајкл Вакаро, Регионален правен советник за борба против тероризмот, Министерство за правда на САД, Адам Смол, Обвинител од Одделот за борба против тероризам при Бирото за национална безбедност, Томас О’Конор, Специјален агент на ФБИ, Пол Кејси, Обвинител од Одделот за борба против тероризам при Бирото за национална безбедност, Џин О’Конор, Специјален агент на ФБИ, Ендру ДеЛа Роча, Помошник Аташе за правни прашања.

 


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

 

  • Интеракција помеѓу разузнавачките служби, истражителите и обвинителите во текот на истрагата
  • Идентификација на терористичките закани – Техники и методологија – Користење соработници и агенти со прикриен идентитет
  • Истраги и кривично гонење за подготвителни активности за вршење дела на тероризам: барања под притисок, завери, регрутација, обука и планирање
  • Истраги на местото на настанот при терористички напади
  • Техники за распит на лица осомничени за тероризам
    • Финансиско разузнавање и истраги за финансирање на тероризам
    • Идентификација, собирање, развој и предлагање докази во истрагите и кривичните постапки за случаи поврзани со тероризам и финансирање на тероризмот, што можат да се изведуваат како докази во судската постапка: Материјални докази, финансиски податоци, форензички докази, докази од социјалните медиуми, изјави на сведоци и интервјуа со осомничени лица
      • Презентација на законската рамка за борба против тероризмот во Република Македонија (предсудски притвор, временски ограничувања во однос на земањето изјави, алтернативно кривично гонењеза терористички дејствија)
      • Примена на законските одредби за гонење тероризам, подигање обвиненија и анализа на случаи за судска постапка или спогодување за вина
      • Студии на случај на подготвителни активности за терористички дејствија
      • Студија на случај за тероризам и финансиска истрага за финансирање тероризам од Република Македонија
      • Оперативни истраги на терористички ќелии, подигање обвиненија и анализа на судските процеси и спогодувањето за вина
      • Студии на случај за финансирање тероризам
      • Студии на случај на терористички напади во САД
      • Студии на случај на терористички напади во       Република Македонија
      • Отворена дискусија за барањата за взаемна правна помош и регионалната координација
      • Отворена дискусија затемите на идните настани за обука

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.