Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА OБУКA ЗA СУДИИТЕ ПОРОТНИЦИ  | 11/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 3 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008 и 150/2010) организира специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Битола, која ќе се одржи на 22 и 25 септември 2017 година (петок и понеделник) во просториите на Апелационен суд Битола, со почеток во 10:00 часот.  

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе полагаат тест. 

 

На обуката свои излагања ќе имаат:

г-а Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје;

г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2;

д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд  на Република Македонија (во пензија);

г-а Павлина Јанкуловска, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Битола;

г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје и

г-a Сузана Таскова Аџикотарева, Член на Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК).


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“ 
  • Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa  
  • Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите 
  • Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“ 
  • Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:

1. Презентација1                                 9. Презентација9

2. Презентација2                               10. Презентација10

3. Презентација3                               11. Презентација11

4. Презентација4                               12. Презентација12

5. Презентација5                               13. Презентација13

6. Презентација6                               14. Презентација14

7. Презентација7                               15. Презентација15

8. Презентација8