Календар на Активности
ПРЕДАВАЊЕ НA ИНСТИТУТOТ ЗA ЕВРОПСКA ПОЛИТИКА СКОПЈЕ НА ШЕСТАТА ГЕНЕРАЦИЈА СЛУШАТЕЛИ НА ПОЧЕТНА ОБУКА  | 19/06/017

Новости за академијата

На 14 јуни 2017 година, во рамките на почетната обука, а во соработка со Институтот за европска политика во рамките на проектот Мрежа 23, беше одржана работилница на тема „Мониторинг на судски постапки“.

 

На работилницата свое излагање имаше г-а Натали Петровска, извршна директорка на Коалицијата Сите за правично судење.

 

Темите кои беа опфатени на работилницата беа следните:

 

  • Мисија и цели на проектите во кои се набљудуваат судски постапки
  • Презентација на извештаи од набљудувани постапки во 2016 година
  • Презентација на прашалникот како дел од методологијата за мониторинг на судски постапки 
  • Идентификување на одредени специфични аспекти на судските постапки:

    • Повикување на обвинети/ странки/ учесници на постапката
    • Спогодба за вина/ Признавање на вина
    • Мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот
    • Поуки за правата на обвинетите во постапките