Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Пoстaпувaњe со судски депозити и гаранции“  | 20/12/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Судскиот совет на Република Македонија организираат советување на тема „Постапување со судски депозити и гаранции“ кое ќе се одржи на  21 декември 2017 година (четврток), во просториите на Академијата-Ламела3, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за претседатели на судови и други лица кои се задолжени за евиденција и ракување на судски депозити и гаранции од сите судови во Република Македонија.

 

Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат г-н Алаксандар Шопов, претседател на Основен суд Велес и г-н Зоран Јосифовски, претседател на Основен суд Кавадарци.



Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

  • Судски Депозити (поим и видови на судски депозити, постапување со привремените и редовните судски депозити, евиденција на судските депозити, застареност на судските депозити и надзор на работењето со средствата на депозитите)
  • Недостатоци во постапувањето со судските депозити од страна на Судовите во Република Македонија, констатирани од страна на Државниот завод за ревизија.
  • Гаранции (поим на гаранции во контекст на Судскиот деловник и констатирани недостатоци во поглед на постапувањето и ракувањето со гаранциите и нивното евидентирање)
  • Мерки за надминување на недостатоците во постапувањето на судовите со судските депозити и гаранциите.


Агендата согласно која ќе се одвива Советувањето можете да ја преземете на следниот линк.
 
Работните материјали кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука.