Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: ,,Спорoви кoи произлегуваат од Законот за извршување”  | 30/05/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: ,,Спорови кои произлегуваат од Законот за извршување“, што ќе се одржи на 5.06.2018 година (вторник), во просториите на Академијата-ламела 1, со почеток во 10 часот.

 

Советувањето е наменето за судии и советници/судски соработници од граѓанските оддели на судовите од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето свое излагање ќе имаат: проф. д-р Арсен Јаневски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје, г-ѓа Лидија Димова, судија на Основен суд Велес и г-ѓа Татјана Сусулеска, судија на Апелационен суд Битола.


АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
РАБОТНИОТ МАТЕРИЈАЛ што ќе биде користен на советувањето можете да го преземете  тука:
Закон за извршување                             Презентација1                  Презентација2
Закон за изменување на ЗИ                              Случај1
Одлука на Уставен суд, 2017                             Случај2
Одлука на Уставен суд, 2018                             Случај3
ЗОО - пречистен текст                                   Случај4
                                                          Случај5