Календар на Активности
ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ Oд областa на интелектуалната сопственoст  | 19/06/017

Новости за академијата

 Во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во рамките на ЕУ Твининг Проектот „Зајакнување на спроведување на правата од интелектуална сопственост“ се реализира обука на обучувачи која ќе се одржи од 20-22 јуни (вторник-четврток), со почеток во 09:30 часот.

 

На обуката ќе учествуваат двајца предавачи од постојаната листа на предавачи на Академијата и по двајца претставници на Министерство за култура, Министерство за правда, Државен завод за индустриска сопственост и Државен пазарен инспекторат.

 

 Обуката се организира со цел за унапредување на вештините за обучување преку презентација на алатки и методи кои се потребни за еден добар обучувач/комуникатор.

 

Обуката ќе ја спроведат г. Ричард Фери и г. Стив Рафлс, обучувачи од Велика Британија.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
 

  • Улогата и одговорноста на обучувачот
  • Стилови на учење
  • Учење од искуство
  • Начела на учење и обука
  • Бариери на учењето
  • Од познатото кон непознатото, од едноставното кон сложеното
  • Учење на возрасни лица
  • Домени на учење
  • Средина на учење
  • Цели и задачи
  • Планирање на лекција
  • Методи на подучување во кои обучувачот е во фокус
  • Кажете им (Начело)
  • Начелото EDIP (Објаснување, Демонстрирање, Имитирање, Пракса)
  • Подготовка на презентации.
 

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.