Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Пoтреба за прoцедури за внатрешно циркулирање на предметите во јавните обвинителства“  | 11/02/019

Новости за академијата

Согласно Kаталогот за доброволна континуирана обука за судските и јавнообвинителските службеници, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, организира советување на тема: Потреба за процедури за внатрешно циркулирање на предметите во јавните обвинителства, кое ќе се одржи на 13 февруари 2019 година во просториите на Академијата, со почеток во 10:30 часот.

 

Советувањето е наменето за јавнообвинителски службеници од сите апелациони подрачја.

 

Во рамките на советувањето свое излагање ќе има обвинителката Павлина Јанкуловска од Основното јавно обвинителство Битола.

 

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

  • Постапување со писмена упатени до јавното обвинителство 
  • Оформување предмети постапување со оформените предмети 
  • Обновување на предмети и архивирање на предмети  
  • Водење уписници и помошни книги 


Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука.