Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Прeвенција нa корупцијaтa и судирот на интереси, добро владеење, интегритет и етика“  | 30/03/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судирот на интереси со акционен план 2016-2019 година, организира советување на тема: „Превенција на корупцијата и судирот на интереси, добро владеење, интегритет и етика“, што ќе се одржи на 02 април 2018 година (понеделник), во просториите на Академијата-Ламела1, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судски службеници од сите судови во Република Македонија.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Милка Ристова, Врховниот суд на Република Македонија (судија во пензија) и г-н Владимир Георгиев, државен советник во Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Етиката и интегритетот во судовите
  • Превенција на корупција и судир на интереси, личен и организациски интегритет


Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе бидат користени во текот на советувањето можете да ги презмете на следниот линк:

1. Презентација1                                                 4. Презентација4

2. Презентација2                                                 5. Презентација5

3. Презентација3                                                 6. Презентација6 .