Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
ТРКАЛЕЗНА МАСА за Зaкoнoт зa кривична постапка на тема: „ Улогата на судечкиот судија во доказната постапка “  | 12/12/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира тркалезна маса за Законот за кривична постапка на тема: ,,Улогата на судечкиот судија во доказната постапка’’ која ќе се одржи во период од 14 до 15 декември 2017 година во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје, со почеток во 09:00 часот 

 

Советувањето се организира за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја и адвокати.

 

Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат: д-р Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на Групата држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа, д-р Лаура Валковиќ, адвокат од Загреб и г. Дражен Трипало, судија во Врховниот суд на Република Хрватска.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
 

  • Листа на докази и редослед на изведување на докази на главна расправа/Зошто е тоа важно?
  • Улогата на судијата при испитување на сведоци и вештаци  и при изведување на други докази (материјални докази, писмени докази и сл.)
  • Обвинителскиот товар на докажување од една страна и товарот на убедување од друга
  • Правото на одбрана и начелото на еднаквост на оружјето

 
 
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк.