Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Промоција на веб портaлoт: Justice observers  | 04/12/018

Новости за академијата

На 4.11.2018 година, во хотел Холидеј Ин, во рамките на проектот „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството” Центарот за правни истражувања и анализи го промовираше веб порталот Justice observers, каде правни експерти ќе коментираат судски одлуки и ќе предлагаат насоки за зајакнување на воедначеноста на правната аргументација на судовите во Македонија

 

 

Веб порталот е креиран со цел да придонесе во дебатата за подобрување на квалитетот на правдата во Република Македонија, а истиот претставува платформа каде тим од меѓународни и национални правни експерти ги разгледуваат меѓународните и националните практики и работата на националните судови, анализираат и коментираат одлуки на домашните судови и предложуваат насоки за зајакнување на воедначеноста на правната аргументација на судовите во Република Македонија.

На промоцијата се обратија г. Никола Јовановски и г. Жарко Хаџи – Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализи и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Проф.Д-р. Наташа Габер Дамјановска.


Г. Хаџи – Зафиров истакна дека веб порталот е платформа каде тим од меѓународни и национални правни експерти ги разгледуваат меѓународните и националните практики и работата на националните судови, анализираат и коментираат одлуки на домашните судови и дека идејата потекнува од еден тренд што постои во Европа, а тоа е дека секој став на повисок суд да стане близок до граѓаните, како и јазикот на кој се носат одлуките. Додаде и дека е предвидено да бидат анализирани и коментирани одлуки од Уставниот суд, Управниот суд, Врховниот суд, Вишиот управен суд и сите апелациски судови во Македонија, како и Европскиот суд за човекови права.

Според г. Хаџи – Зафиров, предвидено е на месечно ниво до март 2020 година да се обработуваат од три до четири одлуки кои ќе бидат од различни судови, а идејата не е да се критикуваат судските одлуки, туку да се даде анализа на одлуките што понатаму ќе значат во правниот поредок на Република Македонија.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Наташа Габер Дамјановска посочи дека во последно време работата на судовите поактивно се следи од страна на медиумите, но сепак, како што посочи, повеќе акцент во јавноста е даден на самиот исход на предметот, а не на образложението на кое се темели тој исход.

Вакво обработување на интересни судски предмети од експерти ќе бидат кратки, содржајни и ќе претставуваат основа за понатамошна дискусија, што е мошне важно во оваа сфера и додаде дека овој портал на некој начин е пандан на страницата на Европскиот суд за човекови права, каде на ист начин се коментираат одлуките на одредени судови.