Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Прaктичнa применa на одредбите зa зaштитa на сведоци и соработници на правдата“  | 02/04/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „ Практична примена на одредбите за заштита на сведоци и соработници на правдата, кое ќе се одржи на 3 април 2018 година (вторник), во просториите на Основен суд Гостивар.

 

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривични оддели и јавни обвинители од апелационо подрачје Гостивар.

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Наташа Гоѓоска и г-ѓа Гордана Ѓешкоска, обвинители на Основно јавно обвинителство Скопје

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

- Значењето на заштитата на сведоците и соработниците на правдата во кривичната постапка

- Правен основ на заштита на сведоци

- Дискусија помеѓу: загрозен сведок, особено ранлив сведок, заштитен сведок и    соработник на правдата

- Процедурални и вон-процедурални мерки на заштита на сведоци

- Спецификитена заштита на ранлива категорија на сведоци

- Заштита на жртвата на кривично дело сведок во постапката

- Принципите според кои се применуват мерките за заштита на сведоци и

- Спецификите на испитувањето на сведок под заштита


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука.