Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Извршувaње нa пресудите нa Европскиот суд за човекови права“  | 15/05/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, кое ќе се одржи на 17 мај 2019 година (петок), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 3, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии од граѓански и кривични оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето излагања ќе имаат м-р Даница Џонова, В.Д. Владин агент, Биро за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП и м-р Дарко Павловски, национален правен офицер, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Европска конвенција за човекови права – воведни и општи напомени за Конвенцијата, Европскиот суд, начинот на одлучување, вид, структура и објавување/достапност на одлуките (HUDOC) 
  • Извршување на пресудите на Европскиот суд – општи и воведни напомени за надзорот од страна на Комитетот на министри на процесот на извршување на пресудите на ЕСЧП, меѓународна и домашна правна рамка и институционалната координација на процесот на извршување на пресудите 
  • Проблеми и предизвици за судовите при повторување на постапките по пресуда на Европскиот суд и останати предизвици во процесот на извршување на пресудите на ЕСЧП


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ  кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1

Презентација2

Презентација3

Презентација4

Презентација5

Презентација6