Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Нaчин на изведувaње докази според Законот за кривична постапка “  | 05/12/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „ Начин на изведување докази според Законот за кривична постапка “, кое ќе се одржи на 6 декември 2018 година (четврток), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 1, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии од кривичните оддели , јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето излагања ќе имаат м-р Јован Цветановски, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, м-р Габриела Гајдова, судија на Основен суд Велес и г. Дељо Кадиев, адвокат.


На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

 

  • Улога на јавниот обвинител во пронаоѓање, предлагање и  обезбедување на  доказите

      УЛОГАТА НА СУДОТ ВО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИТЕ

  • Подготвително рочиште,:
  • Главна расправа;
  • Почитуање на Начелото на еднаквост на оружјата
  • Директно и вкрстено испитување 


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:
Презентација1
Презентација2
Презентација3