Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Работна средба на тема:„ Вoeдначување нa дoмашната судска пракса“  | 23/11/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста“ финансиран од Европската унија, а имплементиран од Советот на Европа организира средба на четирите апелациони судови за хармонизирање на судската пракса, која што  ќе се одржи на 23 и 24 ноември 2017 година во хотел Милениум, Битола.

 

На средбата, покрај претставници од апелационите судови дополнително ќе се вклучат и претставници од Судскиот совет на Република Македонија.

 На настанот предвидено е да се дискусираат спорни прашања од кривична и од граѓанска област.

 

Поздравни обраќања на средбата ќе имаат: г-а Лидија Тасева, судија, Врховен суд на Република Македонија, г-а Елизабета Манели Ташевска, претседател, Апелационен суд Битола, г. Атанас Георгиевски, виш раководител на проектот, Совет на Европа.

Работната средба на апелационите судови ќе биде модерирана од: г.Атанас Георгиевски, виш раководител на проектот, Совет на Европа, г-а Лиле Наумовска и г-а Љиљана Чочкоска, претседатели на одели, Апелационен суд Битола.

 

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.