Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
ОДЛОЖУВАЊЕ НА СОВЕТУВАЊЕ на тeмa: ,,Правното позиционирање на трговецот поединец и практичните импликации од неговото егзистирање”  | 07/06/018

Новости за академијата

Советувањето на тема: ,,Правното позиционирање на трговецот поединец и практичните импликации од неговото егзистирање“, што согласно Каталогот на обуки за 2018 година беше предвидено да се одржи на 8.06.2018 година, во просториите на Академијата,  се одложува поради недоволен број на пријавени учесници.
Советувањето беше наменето за судии и советници/судски соработници од одделите за трговски  спорови и стечај како и за претставници на Комората на стечајни управници на РМ и Адвокатската комора на РМ.
Имајќи предвид дека во месец јуни се предвидени поголем број на советувања, како во самостојна организација на Академијата така и во соработка со странски партнери и проекти, како и обврската за искористување на преостанатите денови од  годишниот одмор за 2017 година заклучно со јуни, во договор со предвидените предавачи, советувањето се одложува за 19 октомври 2018 година.