Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
ТРКАЛЕЗНА МАСА на тема „Упрaвувaње сo чoвечки ресурси - изработка на годишен план за вработување во судот и негова усогласеност во сите судови“  | 03/10/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира тркалезна маса на тема Управување со човечки ресурси (изработка на годишен план за вработување во судот и негова усогласеност во сите судови), која ќе се одржи на 5 октомври 2018 година (петок), во просториите на Академијата, со почеток во 10:30 часот. 

 

Тркалезната маса е наменета за претседатели на судови.

 

На тркалезната маса излагања ќе имаат г. Шефајет Хајдари, претседател на Апелационен суд Гостивар и г-ѓа Лидија Димова, судија и заменик претседател на Основен суд Велес.

 


На тркалезната маса ќе биде дискутирана следната тема:

  • Актуелни проблеми во управувањето со човечките ресурси во судовите


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива тркалезната маса можете да ја преземете тука.
 
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на тркалезната маса можете да ги преземете тука:
Презентација1