Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Ништовност нa дoгoвoри спoред Законот за облигациони односи и според други посебни закони“  | 07/11/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Ништовност на договори според Законот за облигациони односи и според други посебни закони, кое ќе се одржи на 10 ноември 2017 година (петок), во просториите на Апелациониот суд Битола, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии и советници од трговски и граѓански оддели од апелационо подрачје Битола.

 

На советувањето излагања ќе имаат проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и судија Татјана Сусулеска од Апелациониот суд Битола. 


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Ништовност на договорите и проблеми во практиката 
  • Анализа на законски прописи, општи услови на договори, договори, судска практика поврзана со ништовност на договорите 
  • Ништовност на договори – судска пракса 

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:

1. Презентација1                                                   5. Презентација5

2. Презентација2                                                   6. Презентација6

3. Презентација3                                                   7. Презентација7

4. Презентација4