Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Конфискација нa имот и имотнa корист“  | 03/10/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Конфискација на имот и имотна корист“, кое ќе се одржи на 4 октомври 2018 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судиите и советниците/судските соработници од кривичните оддели и јавните обвинители и стручните соработници.

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Зуица Наумова,  судија во пензија и

г-ѓа Спасенка Андонова, јавен обвинител, Основно јавно обвинителство Скопје

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Конфискација на имот и имотна корист
  • Примери од судската пракса
  • Проширена конфискација

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.