Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: „ Евалуација нa понуди при спровeдувaње на постапките за доделување на договори за јавни набавки / електронско спроведување на јавни набавки, отворени прашања при постапување во пракса“  | 03/07/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Бирото за јавни набавки, организираат советување на тема „ Евалуација на понуди при спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки / електронско спроведување на јавни набавки, отворени прашања при постапување во пракса“ кое ќе се одржи на  6 јули 2018 година (петок), во просториите на Јавното обвинителство на Република Македонија-10ти спрат, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето се организира за судски и јавнообвинителски службеници задолжени за спроведување постапка за јавни набавки.

 

На советувањето со свои излагања ќе имаат претставниците од Бирото за јавни набавки:  г-а Габриела Папеш и г-а Ирина Арсовска.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Евалуација на понуди 
  • Последни новини во делот на ЕСЈН
  • Аукции


АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:

Презентација1

Презентација2