Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Досудување трошоци во пaрничнaтa постапка“  | 11/07/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Досудување трошоци во парничната постапка, кое ќе се одржи на 12 јули 2018 година (четврток), во просториите на Академија.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од грагански оддели од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Татјана Сусулеска, судија на Апелационен суд Битола и г-ѓа Билјана Јачева, судија на Основен суд Велес.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Анализа на одредбите на ЗПП  кои се однесуваат на трошоците на постапката 
  • Примена на одредбите  на Тарифата за награда и надоместок на трошоците   на адвокатите
  • Поврзаност на  одредбите за трошоци  од Законот за парнична постапка  со одредбите на  Законот за вонпарнична постапка, Законот за обезбедување на побарување и Законот за извршување
  • Определување на трошоци во  посебните постапки 


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1