Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Изработка на завршна сметка за 2017 година“  | 31/01/018

Новости за академијата

Согласно Kаталогот за континуирана обука за судските и јавнообвинителските службеници, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, организира советување на тема: „Изработка на завршна сметка за 2017 година“, кое ќе се одржи на 31 јануари 2017 година во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судските службеници кои работат во одделенија за финансии - сметководство од сите апелациони подрачја.

 

Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат: г. Бранислав Гулев и г. Максим Ацевски, претставници од Државниот завод за ревизија. 

 

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

  • Усогласување на фактичката со сметководствената состојба врз основа на констатираните разлики од пописот на средствата и обврските
  • Пресметка на амортизација и ревалоризација
  • Начин на набавка, користење и располагање со постојани средства и нивно сметководствено евидентирање
  • Данок на добивка
  • Сметководствени принципи и начела, сметководствени грешки
  • Признавање на расходите согласно одобрениот буџет и Законот за извршување на буџетот 


Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
Работните материјали кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:
1. Презентација1                                               6. Презентација6
2. Презентација2                                               7. Презентација7
3. Презентација3                                               8. Презентација8
4. Презентација4                                               9. Презентација9
5. Презентација5                                             10. Презентација10