Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Етика и интегритет на судиите и јaвните обвинители“  | 09/10/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Етика и интегритет на судиите и јавните обвинители“, кое ќе се одржи на 9 октомври 2018 година (вторник), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судиите и советниците/судските соработници од кривичните оддели и јавните обвинители и стручните соработници од сите апелациони подрачја

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Биљана Јачева, судија во Основен суд Велес, и г. Јован Цветановски, јавен обвинител, Вишо јавно обвинителство Скопје

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Етика и интегритет на судиите
  • Етика и интегритет на јавните обвинители
  • Практични примери


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
МАТЕРИЈАЛИТЕ кои ќе се користат на советувањето може да ги преземете тука:
Презентација1
Презентација2