Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Обука на обучувачи на тема: „Обука на обучувачи – Член 3 од Европската конвенција за човекови права“  | 07/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во рамките на програмата Horizontal Facility финансиран од Европската унија, а имплементиран од Советот на Европа „Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста“ организира обука на обучувачи на тема Член 3 од Европската конвенција за човекови права“, кое што  ќе се одржи од 11-15 септември 2017 година (понеделник-петок) во хотел Изгрев, Струга.
 
На обуката ќе бидат обучени предавачи на Академијата, односно судии од кривичните оддели и јавни обвинители кои работат на оваа материја.
 
Пред почетокот на обуката, учесниците поминаа online HELP курс, како вовед во Европската конвенција за човекови права.
 
АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.