Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Обука на обучувачи „Развој на наставна програма за обука за шверцување мигранти’’ I модул Хотел Радика, Маврово 7-8 февруари 2018 година  | 06/02/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ во соработка со Канцеларијата на Обединетите Нации (UNODC), Оддел за организиран криминал и недозволена трговија организира четиридневна обука на обучувачи ,,Развој на наставна програма за обука за шверцување мигранти’’, која ќе се одржи во два дела. Првиот дел од овој модул на обука ќе се одржи на 7 и 8 февруари 2018 година (среда-четврток), во хотел Радика, Маврово со почеток во 09:00 часот.

 На обуката ќе присуствуваат судии и јавни обвинители, адвокати и претставници од Министерство за внатрешни работи (одделот за гранична полиција и организиран криминал), Факултетот за безбедност во Скопје, Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Македонско здружение на млади правници.

Со поздравни обраќања обуката ќе ја отвори г. Давор Раус, Офицер за превенција и за  криминална правда, UNODC единица против трговија со луѓе и криумчарење мигранти. Свои излагања на средбата ќе имаат: Г. Давор Раус, Офицер за превенција и за  криминална правда, UNODC единица против трговија со луѓе и криумчарење мигранти и г-а Барбара Сидоти.

 

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.