Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
МЕЃУНАРОДНА РАБОТИЛНИЦА на тема ,, Стандардите на Европската Унија за почетна обука на судии и јaвни oбвинитeли “  | 12/12/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија, организира меѓународна работилница на тема: „ Стандардите на Европската Унија за почетна обука на судии и јавни обвинители “, која ќе се одржи на 13-14 декември 2017 година (среда-четврток), во хотел Александар Палас во Скопје, со почеток во 09:30 часот.
На настанот ќе учествуваат судии и јавни обвинители и претставници од сите релевантни институции од Република Македонија, претставници од Правосудните Академии од земјите од регионот-, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција.
Во рамките на меѓународната работилница свои излагања ќе имаат: г-а Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители ,,Пaвел Шатев’’ г. Војчех Постулски, генерален секретар, европска мрежа за судска обука, г. Раф Ван Рансбег, директор, Белгиски институт за судска обука, г. Ленарт Јохансон, судија во Окружниот суд Кристианстад, Шведска, г. Драгомир Јорданов, извршен директор на Европската школа за спроведување, Бугарија, г-а Ен Тахапарим виш менаџер за обука, Холандија, г-а Карима Кадури, менаџер за квалитет за програми за иницијална обука на судии во Центар за обука и проучување на судството, Холандија и претставниците од Правосудните Академии од земјите од регионот.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на конференцијата се следните:

  • Еу стандарди за почетна обука на идните судии и јавни обвинители
  • Процедура за избор на кандидатите
  • Тестови за квалификуваност и интегритет за изборот на кандидатите
  • Критериуми за влез во почетната обука, обезбедување на објективни и конкурентни листи на дипломирани кандидати
  • Дефинирање на објективни и мерливи критериуми (приемни испити)
  • Развој на модули за обука
  • Евалуација и следење на почетната обука
  • Следење на ранг листите од телата за избор
  • Искуство и најдобрите практики од земјите на Западниот Балкан и Турција за избор на кандидатите и почетната обука
  • Методологија и техники на подучување
 
Агендата согласно која ќе се одвива конференцијата можете да ја преземете на следниот линк.
 
Работните материјали кои ќе бидат презентирани на советувањето можете да ги преземете на следниот линк: : https://webgate.ec.europa.eu/TMSWebRestrict/resources/js/app/#/library/detail/62400