Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Советување „Постапување, третман и заштита на децата жртви и сведоци во кривична и граѓанска постапка’’ Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ 13 и 14 септември 2018 година  | 13/09/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ во соработка со Македонското здружение на млади правници и УНИЦЕФ организира дводневна обука на обучувачи на тема „Постапување, третман и заштита на децата жртви и сведоци во кривична и граѓанска постапка“

 

Пилот обуката ќе се одржи на 13 и 14 септември 2018 година во просториите на Апелационен суд Штип, со почеток во 10:30 часот. На обуката ќе присуствуваат судии, јавни обвинители и адвокати.

 

Обуката на обучувачи ќе ја спроведат: Г. Јован Цветановски,  јавен обвинител, Д-р Драгана Батиќ, вонреден професор, Г-а Калина Андреева, психолог, Г-а Вера Николиќ, социјален работник, Г-а Анета Апчева, педагог, а ќе бидат опфатени следите теми:

 

  • Кривично правен аспект на третманот и заштитата на децата жртви и децата сведоци – на национален и меѓународен план
  • Сфаќања на детскиот развој
  • Фактори на ризик
  • Приврзување, занемарување и злоупотреба
  • Препознавање на знаци на злоупотреба и занемарување на деца
  • Форензичко интервју со дете
  • Мултисекторска соработка и форми на заштита

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива пилот обуката можете да ја преземете тука.