Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses

Известување

 | 19/08/019

Новости за академијата

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019/2021 година.

Од причина што секојдневно се јавуваат кандидати дека не можат да се најдат на списокот за полагање поради несоодејствување на шифрите ве информираме дека не треба да се баратe по архивскиот број. Како што ви е веќе познато, при подигнување на пријавите ви беше поделена испитна шифра, под која ќе ги полагате сите испити. Истата се наоѓа на задната страна од примерокот кој го добивте како подврда за прием на вашате пријави. Шифрите се во следниов формат 1605/XXXXX. Со цел избегнување на дополнителни проблеми на денот на полагањето задолжително носете го примерокот со вас.

 

За сите дополнителни информации слободно контактирајте не.

  

 

Со почит,

 

    Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска

     Директор на Академијата за судии

                и јавни обвинители

                  ПАВЕЛ ШАТЕВ

 


Извeстувaњe

 | 16/08/019

Новости за академијата

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019/2021 година,
Како што веќе  Ве информиравме тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ (англиски, француски или германски јазик), ќе се одржи во Компјутерскиот центар на Правниот факултет во Скопје.  
 
Полагањето ќе одржи во групи на 26 и 27 август, 2019 година (понеделник и вторник) и тоа поделени во следните термини:
 
26 август, 2019 година (понеделник)
 
I група 09:00-10:30
II група 11:00-12:30
III група 13:00-14:30
IV група 15:00-16:30
V група 17:00-18:30
VI група 19:00-20:30
 
27 август, 2019 година (вторник)
 
I група 09:00-10:30
II група 11:00-12:30
III група 13:00-14:30
IV група 15:00-16:30
V група 17:00-18:30 
 
Воедно Ве информираме дека распоредот  на кандидати, поделени по денови, групи и термини на полагање, со мали корекции,  можете да го погледнете и ТУКА.
 
За сите дополнителни информации слободно контактирајте не
 
 
             Ви посакуваме многу успех!
 
 
 
Со почит,
 
Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска
    Директор на Академијата за судии
          и јавни обвинители
            ПАВЕЛ ШАТЕВ
 


Извeстувањe

 | 12/08/019

Новости за академијата

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019/2021 година,

 

Ве известуваме дека согласно веќе објавената Временска динамика, тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ (англиски, француски или германски јазик), ќе се одржи во Компјутерскиот центар на Правниот факултет во Скопје.  

 

 Поради големиот број на пријавени кандидати, а ограничени технички капацитети за одржување на испитите, полагањето ќе одржи во групи на 26 и 27 август, 2019 година (понеделник и вторник) и тоа поделени во следните термини:

 

26 август, 2019 година (понеделник)

 

I група 09:00-10:30

II група 11:00-12:30

III група 13:00-14:30

IV група 15:00-16:30

V група 17:00-18:30

VI група 19:00-20:30

 

27 август, 2019 година (вторник)

 

I група 09:00-10:30

II група 11:00-12:30

III група 13:00-14:30

IV група 15:00-16:30

V група 17:00-18:30


Повеќе

Извeстувaњe

 | 26/07/019

Новости за академијата

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019/2021 година,
 
Ве известуваме дека конечната база со прашања за квалификацискиот испит е јавно објавена на следниот линк http://www.prasanja.mk.
 
Исто така, Ве известуваме дека  Програмата за приемен испит прилагодена во согласност со конечната база, со означени промени со црвена боја, може да ја подигнете ТУКА.
 
Со почит,
Директор
Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска


Известување

 | 19/07/019

Новости за академијата

Ги известуваме сите кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019/2021, дека изработката на базата со прашања за квалификцискиот тест е во завршна фаза и истата ќе биде објавена најдоцна за една недела. Би сакале да Ве замолиме за разбирање и воедно да Ви посочиме дека базата во голем дел ќе биде во рамките на моментално објавената.
Ревидирањето на базата кое е во тек се однесува на повлекување на прашања кои се вон Програмата за приемен испит, прилагодување на прашањата согласно измените на законите, како и делумно освежување на базата со нови прашања.
Заедно со ревидираната база ќе објавиме и  ревидирана библиографија за приемен испит во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев за 2019 година, во рамките на која ќе бидат прашањата за квалификацискиот тест.
 
Ви благодариме на разбирањето. 
Со почит,
 Директор
Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска


Извeстувaњe

 | 16/07/019

Новости за академијата

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас во почетна обука 2019/2021,
 
Примери за прашања со понудени одговори од квалификациски тест од сите области и студии на случај (кривична и граѓанска) и прашања со понудени одговори за практичниот дел од испитот во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, можете да ги преземете на следниот линк:
 
Примери со решени прашања и студии на случај со понудени одговори


Известување дo јавнoста

 | 15/07/019

Новости за академијата

Почитувани,

Ве известуваме дека Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ континуирано ги вложува сите напори и ги презема сите потребни дејствија за целата постапка за приемен испит да помине во најдобар можен ред.

Во насока на доследно почитување на законот, особено на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (со нагласок на Глава седум), како и правилата на Академијата, а со цел елиминирање на можни неправилности при спроведувањето на приемниот испит, Академијата, води сметка да не постои состојба на судир на интереси.

За таа цел, од Академијата беа доставени укажувања до сите лица кои учествувале, учествуваат и на било кој начин се вклучени во постапката за приемен испит, а имаат блиски лица кои се пријавиле на огласот, да ја известат за тоа Академијата.

Од своја страна, Академијата ќе постапи, така што ќе обезбеди заштита од овие состојби, за да испитот го сочува својот интегритет.

Исто така, информираме дека, укажување беше доставено и до системот за електронско тестирање кој е одговорен за спроведување на испитите, како и до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, како договорен орган кој во име и за сметка на сите институции кои спроведуваат електронски испити е задолжен да ги координира активностите помеѓу системот за електронско тестирање и институциите корисници.

 

Исто така ја информираме јавноста и ги известуваме сите заинтересирани лица, дека од вкупно пријавени 673 кандидати на јавниот оглас за прием во почетна обука, по разгледувањето на пријавите од Комисијата за приемен испит состојбата е следна:

 

Ненавремени пријави – 1 пријава;

Повлечени пријави – 1 пријава;

Неуредни пријави – 25 пријави;

Уредни пријави – 646 пријави.

 

По завршување на постапките за неуредните пријави по приговори/жалби, дополнително ќе ја информираме јавноста за конечниот број кандидати кои ќе ги полагаат испитите.

 

Со почит,

Директор,

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска


Прeлиминарна ранг листа од полагањeто на завршниот испит во АСЈО

 | 12/07/019

Новости за академијата

Прелиминарна ранг листа од полагањето на завршниот испит во АСЈО Павел Шатев на Шестата генерација слушатели на почетна обука 2017-2019 година
ЛИСТА


СОВЕТУВАЊЕ на тема „Подготовка на буџетски циркулар за 2020 година за единките корисници на судската власт“

 | 11/07/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Подготовка на буџетски циркулар за 2020 година за единките корисници на судската власт, кое ќе се одржи на 15 јули 2019 година (понеделник), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судски службеници вклучени во составувањето на буџетскиот циркулар и следењето на буџетскиот процес од сите судови во Република Северна Македонија.

 

На советувањето излагања ќе има г-ѓа Силвија Јаневска од Судскиот буџетски совет.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

 

  • Подготовка на предлог буџет на единките корисници на судската власт
  • Извршување на буџет


Повеќе

СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Заштита на податоците во кривична материја“

 | 10/07/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, во соработка со Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА), организираат советување на тема „Заштита на податоците во кривична материја“ кое ќе се одржи во период од 11-12 јули 2019 година (среда-четврток) во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат Gabriela M. Ivan-Cucu, магистер по право(UCL, London), магистер по право (Луксембург), адвокат и истражувач, Луксембург, Juan Diego Ramírez-Cárdenas Díaz, Постар предавач и StéphanieComodiGemnig, организатор на програма.


Повеќе