СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Постапка за попис и постапка за оттуѓување- уништување на движни ствари со кои располагаат судовите, а за кои престанала потребата од користење поради нивна дотраеност„

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема: „Постапка за попис и постапка за оттуѓување- уништување на движни ствари со кои располагаат судовите, а за кои престанала потребата од користење поради нивна дотраеност“, кое ќе се одржи на на 26 април 2024 година (петок), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за членови на пописни комисии и судски администратори од сите судови во РСМ.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и г-а Силвија Јаневска, државен советник во Судски совет на РСМ.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.