СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Надлежност на работното тело за управување со движење на предметите во судовите, годишен план, внатрешни процедури и список на кориснички групи“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема: „Надлежност на работното тело за управување со движење на предметите во судовите, годишен план, внатрешни процедури и список на кориснички групи“, кое ќе се одржи на 18 април 2024 година (четврток), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за раководители и членови на работни тела.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и м-р Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.

1.Презентација 1

2.Презентација 2