Известување за полагањето на понатамошниот дел од Приемниот испит

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во IX генерација слушатели во почетна обука,

Ве известуваме дека денес (23.04.2024 година), Приемната Комисија, по претходен заклучок од страна на Управниот одбор ја одржа својата 61-ва седница, на која беше донесена одлука дека  процесот на полагање на испити закажани согласно последно утврдената Временска динамика објавена на веб страната на Академијата, се одложува.

Во таа насока, Ве замолуваме редовно да ја следете ја веб страницата на Академијата, каде што ќе ги добиете сите новости за понатамошниот тек од Приемниот испит.