Советување на тема „Кривични дела од областа на родово базираното насилство/Истамбулската конвенција”

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година,  организира  советување на тема „Кривични дела од областа на родово базираното насилство/Истамбулската конвенција“ кое ќе се одржи на  28 март (четврток)  2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 3.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и струцни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје и д-р Габриела Гајдова, судија на Апелационен суд Скопје.

 За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1